24фудбал

Човеков има ангел чувар: Ја преживеа авионската несраќа на Чапекоенсе, па преживеа нова несреќа во која починаа 21 лице

Ервин Тумири пред пет години ја преживеа авионската несреќа на Чапекоенсе, човекот очигледно има ангел чувар откако синоќа преживеа нова несреќа во која починаа 21 лице.

Јужна Америка

Во ноември 2016 година, светот на фудбалот беше потресен од веста за падот на авионот со кој експедицијата на Чапекоензе патуваше за финалето на Копа Судамерикана. Во големата трагедија починаа 71 лице, падот го преживеаа само 6 лица.

Еден од нив е Ервин Тумири, кој е воздухопловен техничар. Медиумите од Боливија сега пренесуваат дека Ервин Тумири спасил глава во нова несреќа.

Во провинцијата Кочабамба во Боливија, автобус паднал во провалија од 150 метри. Во несреќата, животот го загубиле 21 лице, додека Ервин Тумири поминал со помали повреди на рацете, колената и грбот.

„Со лазење излегов од автобусот, седнав и реков, „Не ми се верува, повторно““ - им рекол Ервин на новинарите.

„Му благодарам на Бог, уште еднаш остана жив. Разговарав со него, ми рече дека е добро. Господ го спаси, тој секогаш се грижи за нас“ - рече неговата сестра Лусија Тумири.