24фудбал

Интер пропуштил бонус за Лукаку и сега мора да плати 50 милиони, Манчестер јунајтед бара двајца играчи

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер не платил бонус од 5 милиони евра како дел од трансферот на Ромелу Лукаку па сега мора на „ѓаволите“ да им ја исплати целата сума од 50 милиони евра која им ја должи.

Италија

Пред неколку месеци медиумите пишуваа дека Интер на Реал Мадрид не му ја платил првата рата од трансферот на Ашраф Хакими и се шпекулираше дека „кралевите“ си го бараат играчот назад.

Сега се појавија слични гласини, Интер на Манчестер јунајтед не му платил бонус од 5 милиони евра како дел од трансферот на Ромелу Лукаку.

Овој бонус бил поврзан со специфична клаузула, односно неплаќање на бонусот го обврзува Интер на „ѓаволите“ да им ги исплати сите пари кои им ги должи од трансферот (кој вредеше околу 75 милиони евра), односно 50 милиони евра.

Интер е во финансиски проблеми поради ковид-19 кризата но и мерките на Кина, поради кои сопственикот Сунинг не може да донесе свеж капител во клубот.

Манчестер јунајтед сака да ја искористи ваквата ситуација па побарал сумата од 50 милиони евра да биде компензирана со фудбалер.

Клубот од Олд Трафорд бара да го добие Лаутаро Мартинез или Милан Шкрињар.