24фудбал

Мбапе нема милост кон противниците: Да им дадеме шест, седум гола, да испратиме порака до ривалите (ВИДЕО)

Лил сериозно му пркоси на силниот ПСЖ сезонава откако во моментов има предност од два бода разлика во однос на бранителот на титулата во Лиг1, меѓутоа водечката екипа изминатото коло киксна на домашен терен со Стразбур, играјќи само реми со резултат 1-1.

Франција

Бранителот на титулата во француската Лиг1, ПСЖ славеше убедлива победа на гостувањето кај Дижон во последниот меч од тоа првенство, а играч на мечот во победничкиот табор беше Килијан Мбапе.

Младата ѕвезда на „Светците“ постигна два гола, а повеќе од веројатно е дека посакувал повеќе од тој исход, ако се земе во предвид тоа што го објавија француските медиуми, односно снимката од тунелот во кое Мбапе има посебни барања до капитенот Маркињос.

Кажи им дека продолжуваме во исто темпо, ајде да им дадеме шест, седум погодоци, а доколку тоа успееме да го сториме ќе испратиме една сосема јасна порака до ривалите за титулата“ му вели Мбапе на Маркињос.