24фудбал

Семедо: Знаете колку е добар Меси? Не вежба изведување на слободни удари а погледнете само како шутира!

Поранешниот десен бек на Барселона, Нелсон Семедо открива дека Лео Меси на тренинзите не вежба слободни удари и вели дека Аргентинецот прави добрите играчи да изгледаат како лоши.

Шпанија

Португалецот по три години поминати на Камп Ноу, минатото лето беше продаден на Вулверхемптон со цел да се покрие загубата од ковид-19 кризата.

Нелсон Семедо оваа недела седна на интервју со Телеграф и неизбежно беше прашањето за Лео Меси.

„Немам доволно зборови да ви опишам колку навистна е добар. Знаете што го прави толку посебен? Ниту еднаш не сум го видел да изведе слободен удар на тренинг. Се колнам, ниту еднаш не сум го видел да шутира слободен удар на тренинг“ - вели десниот бек.

„Сите вежбавме удари од далечина, но Меси ниту еднаш не вежбаше слободен удар. За него, се доаѓа природно“.

„Велат со вежбање до перфекција, но Меси не вежба и пак е перфектен!“

„Неверојатен играч, тешко е за објаснување. Голот од слободен удар против Ливерпул (во полуфиналето од Лигата на шампиони во мај 2019), јас стоев зад него и се чудев“.

„Во еден од моите први натпревари за Барселона, Меси ја зеде топката, помина тројца играчи, па и четвртиот, па и петиот... Јас стоев и си мислев, „како момчево успева да го направи ова?“ Меси прави добрите играчи да изгледаат како лоши“.