24фудбал

Мамиќ: Модриќ ќе заврши во Реал

Претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ верува дека Лука Модриќ ќе направи трансфер во Реал Мадрид ова лето

Шпанија

Тотенхем потврди дека водат преговори со неколку клубови за продажба на хрватскиот интернационалец, но Лука Модриќ ќе замине од Вајт Харт Лејн само доколку ’Спарси’ добијат соодветна понуда.

Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед пројавуваат интерес за плејмејкерот, и се говори дека ’Кралевите’ се најсериозен кандидат за потписот на фудбалерот.

Целата ситуација со внимание ја следи и Динао Загреб, бидејќи поранешниот клуб на Лука Модриќ ќе добие 5% од трансфер сумата.

Во разговор за медиумите од Хрватска, претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ открива дека Лука Модриќ е во постојан контакт со тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

“Лука ми е како син, тој е мој пријател.” – рече Мамиќ. “Секако дека сакам да потпише за Реал Мадрид.”

“Го следам развојот на настаните, Динамо ќе добие 5% од тој трансфер.”

“Слушнав дека Модриќ ќе се пресели во Реал Мадрид, дека зделката ќе се комплетира.”

“Жозе Мурињо и Лука Модриќ се во постојан контакт.”