24фудбал

Три ѕвезди кои треба да блеснат во ерата на Барселона после Меси (ВИДЕО)

Се ближи крајот на ерата на Меси во Барселона без разлика дали тој ќе замине ова лето или ќе остане уште некоја сезона, па шпанските медиуми почнаа да типуваат кои ќе бидат клучните играчи за иднината на каталонскиот тим.

Шпанија

Договорот на Меси со Барселона истекува по крајот на оваа сезона, се уште е нејасно дали тој ќе замине или ќе остане. Веројатно улога во неговата одлука ќе има и исходот од претседателските избори во клубот.

Како и да е, неговата ера во Барселона се ближи кон крајот. Навивачитие ќе треба да се навикнуваат да го гледаат тимот без Аргентинецот во него.

Шпанските медиуми издвоија тројца млади ирачи кои треба да блеснат во иднина во дресот на Барселона и да станат големи ѕвезди на овој тим.

Ансу Фати

Фати имаше импресивен старт во првите неколку месеци откако влезе во првиот тим. Потоа следуваше повреда на коленото и потешкотии во рехабилитацијата.

Но тој покажа дека кога ќе биде комплетно подготвен има потенцијал да биде една од главните ѕвезди на тимот во иднина.


Илаикс Мориба

18-годишниот играч од средниот ред кој потекнува од младинската школа на Барса, влезе во првиот тим откако неколку играчи се повредија.

Тој со неговата сигурност и вештини брзо го освои Куман, покажа дека може да игра на повеќе позиции и да биде многу корисен за тимот. Важи за еден од најголемите таленти. Во новиот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра.


Тринкао

Иако не потекнува од школата на Барселона, Португалецот Тринкао во изминатите мечеви покажа дека има се за да биде идеална ѕвезда на Барселона.

Тој полека го натера Куман да го вметне во неговите планови и фановите на Барселона во него веќе гледаат како наследник на Гризман во следната сезона.