Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез во разговор со Спортвик откри кои две работи не ги прави ЦР7 дома, фудбалерот на Јувентус не готви и не менува светилки.
Категорија: Италија 01.03.2021 21:22 Прочитано: 5355 пати
Џорџина Родригез откри детали од животот со Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и во историјата.
„Кристијано е супер татко и сопругот за кој сонував, но не знае да готви. По напорен тренинг, заслужува топол оброк подготвен со љубов. Јас готвам, но имаме и готвач“ - вели девојката на ЦР7.
„Исто така не менува светилки, тоа е невозможно, имаме висок таван. Доколку сте Кристијано Роналдо, дали би менувале светилка на 5-6 метри од земја?“
„Подобро да не го правите тоа. Тој треба да се грижи за самиот себе, да биде најдобар во она што го работи, за се останато сум јас тука. Јас ќе се погрижам се да биде ОК“.