24фудбал

По цели 27 години „Пирели“ од идната сезона нема да биде на дресовите на Интер

Идната сезона ќе го следиме Интер во еден не баш вообичаен изглед, ако судиме по фактот што името на италијанскиот производител на автомобилски гуми стоеше на тоа место цели 27 години.

Италија

Генералниот директор на „Пирели“, Марко Тронкети потврди дека Интер ќе го промени главниот спонзор на своите дресови за идната сезона, со тоа што за прв пат по цели 27 години италијанскиот производител на автомобилски гуми нема да биде на тоа место.

Ние сме во преговори со Антонело, Марота и другите директори во Интер, нема да бидеме на дресовите на Интер повеќе, но нашиот однос со клубот ќе остане на едно високо ниво и натаму“ подвлече Тронкети.

Од „Сунинг“ потврдија дека финансиски и натаму ќе го поддржуваат Интер, и покрај тоа што се во потрага по партнери, а Тронкети нема никакви сомневања во тоа дека клубот ќе продолжи без никакви проблеми во иднина.

Мораме да се држиме до фактите, веќе добија финансиска инјекција од страна на компанијата, која воедно потврди дека ќе остане посветена на Интер, јас сум сигурен дека проектот и натаму ќе тече онака како што е замислен“ заклучи Тронкети.