24фудбал

Пирло верува дека Јувентус може до Скудетото

„Старата дама“ не игра во својата посакувана и препознатлива форма, во моментов заостанува десет бода зад лидерот во Серија А, Интер, кој воедно има и меч повеќе.

Италија

Бранителот на титулата во италијанската Серија А, Јувентус утревечер на домашен терен го пречекува тимот на Специја, а шефот на стручниот штаб на „Старата дама“, Андреа Пирло мошне претпазлив во изјавите пред тој меч.

Специја потврди дека заслужува да биде во Серија А, имаат одлична сезона зад себе, постигнаа одлични резултати против поголемите екипи, ова ќе биде навистина тежок меч, но и нам ни е од големо значење, мораме да продолжиме во битката за Скудетото“ вели Пирло, кој притоа не крие дека верува дека неговите избраници можат до титулата.

Не би кажал дека можеме да се бориме за Скудетото доколку не е таква ситуацијата, многу добро знам што знае и умее овој тим, како размислува, добро ги познавам момците, знам како тренираат и колку сакаат да ја освојат титулата, тоа ми носи голема самодоверба по ова прашање“ подвлече Пирло.