24фудбал

Саутгејт на слатки маки: Ван-Бисака размислува за Конго

Младиот фудбалер периодот кој претстои ќе донесе финална одлука во поглед на репрезентативната кариера, а доколку одново биде изоставен од Саутгејт, и повеќе од веројатно е дека нема повеќе да чека.

Англија

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Арон Ван-Бисака наводно ќе го промени националниот дрес во тој на Конго, доколку не биде повикан од селекторот на Англија, Герет Саутгејт на претстојните натпревари.

23 годишниот десен бек нема запишано ниту еден настап во сениорскиот состав на „Гордиот албион“, репрезентација за која настапуваше во категоријата за фудбалери до 21, односно 20 годишна возраст.

И покрај фактот што од дефанзивна гледна точка Ван-Бисака е одличен на теренот, сепак, се најде изоставен, а Саутгејт ќе има слатки маки за оваа позиција, ако се земе во предвид дека за истата битка водат уште и Трент Александер-Арнолд, Кјеран Трипие, Рис Џејмс и Кајл Вокер.

„Атлетик“ наведува дека доколку Ван-Бисака отсуствува од изборот на Саутгејт за мартовските квалификации за Светското првенство, голема е веројатноста фудбалерот да продолжи во националниот дрес на Конго, за чија селекција настапуваше за фудбалери до 20 годишна возраст.

Инаку, пред извесен период медиумите на Островот објавија и дека напаѓачот на Вест Хем, Михаел Антонио би можел во иднина да настапува за Јамајка доколку одново биде изоставен од страна на англискиот селектор.