24фудбал

Ристовски се мајтапеше со фудбалер на Порто поради неговата навредлива изјава за Спортинг (ФОТО)

Големо е ривалството помеѓу Порто и Спортинг Лисабон во Португалија, а дека е така добро просведочи и изјавата на Оливеира, која го подналути дури и нашиот Ристовски кој не остана имун на сето тоа.

Македонија

Стефан Ристовски направи трансфер во Динамо Загреб, а за момент ги подналути навивачите на ривалот Ријека, клуб за кого настапуваше пред Спортинг Лисабон, а според тоа што го гледаме, македонскиот интернационалец се уште навива за Спортинг Лисабон, клуб за кого настапуваше две сезони, а си замина минатиот месец.

Македонецот реагираше иронично на социјалните мрежи исмејувајќи го фудбалерот на Порто, Серхио Оливеира по неговата изјава по ремито без голови на дербито помеѓу Порто и Спортинг Лисабон.

Спортинг ремизираше, за нив ова е задоволство, чест, дали се на десетото место, или нешто подолу од тоа, а можеби и погоре, за нив, реми против Порто е како да ја освоиле Лигата на шампионите, ние сме тажни, но и разочарани од овој резултат“ рече Оливеира, па следеше и реакција на нашиот Ристовски.

Не те препознав, Зидан“ напиша Ристовски на социјалните мрежи.