24фудбал

Ибрахимовиќ ќе пропушти најмалку четири меча на Милан, од нив две се големи дербија

Златан Ибрахимовиќ заработи повреда на левиот бутен мускул поради која ќе биде во аут најмалку десет дена, а тоа значи дека ќе пропушти четири меча.

Италија

Ибрахимовиќ заработи повреда на вчерашниот меч против Рома, а последната информација вели дека најмалку десет дена треба да мирува.

Распоредот на росонерите во овој период е густ, па Ибра ќе пропушти четири меча, од кои и дерби натпреварите против Манчестер јунајтед и Наполи.

Натпреварите кои сигурно ќе ги пропушти Ибрахмовиќ:

3 март Милан - Удинезе

7 март Верона - Милан

11 март Манчестер јунајтед - Милан

14 март Милан - Наполи