Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу е уапсен заедно со уште неколку лица како дел од истрагата за „Барсагејт“ и милионите платени да се оцрни името на сегашни и поранешни членови на „каталонците“.
Категорија: Шпанија 01.03.2021 13:00 Прочитано: 1273 пати
Утрово полицијата изврши рација во канцелариите на Барселона на Камп Ноу и го уапси поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу.
Според медимите, зад решетки завршил и сегашниот генерален извршен директор Оскар Грау како и првиот човек на правната служба, Рамон Гомез Понти.
Сите се сомничат за корупција во скандалот „Барсагејт“ односно милионскиот договор со комапнијата И3 Вентурас, која е специјализирана за креирање на мислење на социјалните мрежи
Жозеп Мариа Бартомеу сакал да се исчисти неговиот имиџ и имиџот на бордот на директори, а да се оцрнат противниците но и сегашни и поранешни членови на клубот.
И3 Вентурас преку стотина профили на социјалните мрежи ја фалеле работата на Бартомеу и неговите соработници и вршеле напади врз Лео Меси, Жерард Пике, Чави, Пујол, Пеп Гвардиола и многу други.