24фудбал

Фулам собра голема самодоверба пред пеколната серија мечеви против Тотнем, Ливерпул и Манчестер Сити

Пред Фулам кој се бори за опстанок се три мечеви против моќни тимови, но данскиот дефанзивец Андерсен вели дека тие не се плашат од никој.

Англија

Фулам во четврток го пречекува Тотнем, а потоа игра против Ливерпул и Манчестер Сити. Тие се во серија од пет натпревари во Премиерлигата без пораз, имаат голема самодоверба, а тоа се чувствува и во изјавата на Данецот.

„Не е крај на светот, треба да продолжиме вака и сигурен сум дека ќе освоиме многу бодоови. Ние сме тим кој е тешко да се победи“, вели Андерсон.

„Нема потореба од страв, ние знаеме и покажавме во текот на цела сезона дека без разлика со кој играме можеме да покажаме добри перформанси. Последен пат кога игравме против Тотнем имав чувство дека можеме да ги победиме, па ајде да одиме на победа во четврток“.

„Сега против Кристал Палас требаше да победиме со два или три гола разлика. Фрустрирачки е што повторно не победивме а одигравме навистина добро. Треба да веруваме дека головите ќе дојдат и ќе дојдат“.