24фудбал

Тадиќ го објасни дуелот со Думфрис: Ме нарече пи*ка, не е мој карактер да му се заблагодарам за тоа

Дербито меѓу ПСВ и Ајакс заврши со инцидент во кој главната улога ја имаше Душан Тадиќ, тој по мечот објасни зошто влезе во вербална пресметкак со Думфрис.

Останато

Ајакс со гол на Душан Тадиќ од пенал во 92. минута дојде до бод против ПСВ. Тој влезе во вербален дуел со играчите на домаќините, а потоа пред стадионот го чекаа и навивачи кои сакаа физички да се пресметаат со него.

Тадиќ по мечот ја кажа неговата верзија за инцидентот.

„Ја земав топката да го изиведам пеналот, тројца играчи на ПСЖ дојдоа околу мене и тој (Думфрис) ми рече дека сум пи*ка, дека не сум лидер, дека ќе промашам... Го погодив пеналот и што требаше да направам? Да му се заблагодарам што ми рече дека сум пи*ка? Не, не, тоа не е мојот менталитет“, изјави Тадиќ.