24фудбал

На Симеоне му се допадна лутата прослава на Жоао Феликс: Сакам кога фудбалерите се бунтовни

Жоао Феликс по подолго време постигна гол за Атлетико Мадрид и прослави на посебен начин кој му се допадна на Диего Симеоне.

Шпанија

Феликс во игра влезе на полувремето на местото од Лемар, во 69. минута постигна гол, по што го стави прстот на носот и извика нешто кон клупата на Атлетико Мадрид.

По натпреварот Диего Симеоне беше запрашан што значеше таквата прослава на Жоао Феликс.

„Треба да го прашате него“, со насмевка одговори Симеоне и продолжи: „Тој постигна одличен гол. Влезе во игра и имаше одлично второ полувреме... Ми се допаѓа кога фудбалерите се бунтовни, кога сакаат да бидат посилни. Потребен ни е таков Жоао Феликс, тој е значаен фудбалер за нас“.

„Ќе го прашам следниот тренинг што му значело тоа и ќе ви кажам. Ми се допаѓа кога фудбалерите ја покажуваат својата гордост. Ако фудбалерите се бунтовни, дајте ми ги мене“.