24фудбал

Како временските зони направиле збунка и спречиле Манчестер јунаjтед да го купи Халанд за 3 милиони фунти

„Ѓаволите“ имале можност да го купат Ерлинг Халанд за 3 милиони фунти кога напаѓачот бил дел од Молде но временските зони направиле збунка и шансата била испуштена.

Англија

Манчестер јунајтед во јануари 2020 ја загуби битката за потписот на Ерлинг Халанд, напаѓачот тогаш се одлучи за преселба во Борусија Дортмунд.

Според пишувањата на Мирор, ова не бил првиот неуспех на „ѓаволите“ кои испуштиле шанса да го купат напаѓачот кога тој беше дел од Молде. Временските зони направиле збунка па РБ Салцбург го ангажирал Норвежанецот.

Како што пренесува весникот, Манчестер јунајтед требал да му се јави на агентот на Ерлинг Халанд во 9 часот за да договорат трансфер од 3 милиони фунти.

Директорите од Олд Трафорд се јавиле во 9 часот, но 9 часот по британско време. Норвешка е еден час понапред, односно таму било 10 часот, па тие добиле одговор дека Ерлинг Халанд е продаден на РБ Салцбург.