24фудбал

Пирло ги загуби нервите со новинарот: Треба внимателно да ги гледаш натпреварите пред да коментираш

Андреа Пирло ги загуби нервите со новинарот на Скај Спорт Италија по ремито против Верона, не му се допаднаа прашањата за тактичките замисли.

Италија

Јувентус испушти два бода во трката за Скудетото откако синоќа одигра 1-1 на Бентегоди. Кристијано Роналдо донесе предност на стартот од вториот дел но Барак со глава го матираше Шчесни за реми.

По крајот на натпреварот, Андреа Пирло ги загуби нервите со новинарот на Скај Спорт Италија. Џанкарло Падован сугерираше дека неколку играчи играле на позиција која не е типична за нив.

„Бевме во критична ситуација, погледнете само колку играчи беа отсутни. Веќе го имав адаптирано Алекс Сандро како централен бек, па не можев да измислам нешто друго“ - рече Андреа Пирло.

„Ни фалат дефанзивци, бекови и напаѓачи, кажи ми што треба да правам?“

Новинарот потоа рече дека Јувентус можел да игра со четворица во одбрана со Раду Драгушин во тимот.

„Драгушин не е бек, никогаш не играл на таа позиција. Тој е трет централен дефанзивец. Треба внимателно да ги гледаш натпреварите пред да коментираш“.

Падован потоа рече дека го прави тоа, а Пирло му одговори: „Не ми изгледа така. Никогаш не сме го пробале Драгушин како бек“.

Разговорот потоа се префрли на Федерико Бернардески и Федерико Киеза, кои морале да играат на позиција која не е типична за нив со цел да се користи формацијата 3-4-2-1.

„Извини, но кого требаше да ставам во таа формација? Киеза е офанзивно крило, многу пати има играно на таа позиција. Бернардески речиси секогаш ја има таа улога. Би рекол дека тие двајца играа најблиску до природната позиција. Кога морате да правите промени, сите треба да се адаптираат“.

Претходно, Андреа Пирло рече дека недоволното искуство били причина за испуштената победа.

„Разочарани сме, знаевме дека не чека тежок натпревар со многу борба. Успеавме да поведеме, што беше најтешкиот дел, но не ја задржавме предноста“.

„Тоа се тие мали детали кои за жал младите играчи не ги разбираат и кои ја прават разликата. Кога сте во предност, морате да се погрижите да ги освоите трите бода. Ни недостасуваа неколку искусни играчи, па оние помладите не разбираа во кој правец оди мечот. Побарав од Роналдо и Алекс Сандро да разговараат, да им се слушне гласот, но тоа не беше доволно“.