24фудбал

Лидс џабе имаше два пати поголем посед, Астон Вила си замина со трите бода (ВИДЕО)

Астон Вила стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Лидс, „белите“ џабе имаа два пати поголем посед од противникот кога малку креираа.

Англија

Лидс пропушти да напредува на табелата откако вечерва загуби дома со 0-1 во пресметката со Астон Вила.

Клучниот момент се случи по пет минути игра, Ел Гази ја избегна офсајд замката и ја затресе мрежата на „белите“

Избраниците на Бјелса се обидоа да се вратат во играа, имаа два пати поголем посед од противникот но сето тоа беше џабе кога малку креираа, особено во второто полувреме.

Нашиот Езгјан Алиоски мечот го започна на клупата за резерви и влезе во игра по осум минути во второто полувреме како прв џокер на Бјелса, но не успеа да помогне Лидс да избегне пораз.