24фудбал

Шилегов: Преговараме за нов, сериозен спонзор за Вардар, но Самсоненко мора да го врати долгот

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во гостување на емисита „Стадион“ на „Канал 77“, зборуваше ситуацијата со ФК Вардар, тој вели дека се работи за подобра иднина на скопската гордост, но Сергеј Самсоненко мора да си го подмири долгот.

Македонија

Вардар е во тешка ситуација, Сергеј Самсоненко го остави клубот со долг кој сега изнесува 3,5 милиони евра. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека е би било криминално градот да преземе толку голем долг на клуб и да го враќа.

„Долгот на Вардар изнесува ококлу 3,5 милиони евра. Ние го дадовме Вардар без долгови и со играчки фонд во вредност од шест милиони евра, а сега играчите кои се во тимот вредат 800.000 евра. Значи е загубена вредноста на клубот. Јас не можам да дозволам градот да го земе Вардар со долг од 3,5 милиони евра. Ако го преземеме вака клубот со долгови, правиме кривично дело. Самсоненко имаше неколку ветувања дека ќе ги подмири долговите, последното беше дека тоа ќе го направи до 31 јануари, но ништо не се случи“, вели градоначалникот Петре Шилегов за радио „Канал 77“.

Тој потврди дека градот работи на изнаоѓање на нов инвеститор во клубот кој ќе го врати Вардар на врвот.

„Јас како градоначалник и Владата, затоа што ПУИГ е сопственик на 49 отсто од акциите, преземавме дејствија околу каматата (5 милиони денари), плус уплативме 5,8 милиони денари со цел да се деблокира сметката. Го замоливме и Панчев да ја тргне блокадата за неговите побарувања, што и се случи, и го доведовме клубот во состојба да може да аплицира за ваучерите од околу 340.000 евра за да се заврши сезоната. Паралелно бараме стратешки ипартнер за Вардар и очекуваме тоа во март да биде решено. Правиме конкретни чекори за ршавање на проблемот, но мислам дека е жално Вардар да се злоупотребува во политичка смисла. Дали мислите дека ако дојде некој нов спонзор, за што интензивно работиме, така ладно би прифатил да врати долг од 3,5 милиони евра?“.

„Вардар е дел од македонската традиција, најдобриот и најреномираниот клуб во Македонија и никој нема намера да го пушти низ вода. Но секој треба да си ја преземе одговорноста и тој што го направил долгот треба да го плати. Немаме никаков имот на име на Вардар, за зошто е тоа така, не знам. Академијата е на име на сопругата на Самсоненко, тренинг-центарот во Гази Баба е јавно приватно партнерство на општината и РК Вардар. Долгот треба да се врати, а во меѓувреме бараме нов спонзор, посериозен, кој навистина ќе се посвети на развојот на Вардар. Веќе се направени драфтовите на договорите, беа испратени на анализа, па вратени кај нас, па ние дадовме одговори... Да не кажувам со кој разговараме, но ама комункација постои и дај Боже, мислам дека се ќе бииде во ред“.