24фудбал

Работнички и Силекс ги поделија бодовите

Работнчки и Силекс одиграа 1-1 на отварањето на 20. коло од Македонската Прва лига, кратовскиот тим во финишот се спаси од пораз.

Македонија

Мечот меѓу Работнички и Силекс имаше шанси и на двете голови, но никој не ги освои трите бода. Домаќините беа поблиску до нив со оглед на водството, но кратовскиот тим си замина со бод.

Во првото полувреме Работнички беше тимот кој тргна офанзивно, но Силекс со брза транзиција беше опасен од контра напади лесно можеше да го отвори резултатот.

По шест минути игра во второто полувреме, Прелчец постигна гол по едно додавање од Максимов и му донесе водство на Работнички од 1-0.

Предноста на домаќините траеше до 80. минута кога Игор Галевски погоди за 1-1, што беше и конечен резултат.

Утре од 14 часот се играат преостанатите пет натпревари: Беласица - Струга ТЛ, Македонија ЃП - Борец, Пелистер - Ренова, Шкендија - Вардар и Шкупи - Академија Пандев.