24фудбал

Победа број 200 за Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, никој во Премиерлигата не стигнал побрзо до овој јубилеј

Манчестер Сити со 2-1 го победи Вест Хем и ја продолжи победничката серија, за Пеп Гвардиола ова беше јубилејна 200 победа на кормилото на англискиот клуб.

Англија

Со головите на дефанзивците Диаш и Стоунс, Манчестер Сити ги освои трите бода и против Вест Хем.

Со погодок на Диаш во 30. минута поведоа со 1-0, а пред крајот на првиот дел Антонио изедначи на 1-1.

Во 68. минута Стоунс реализираше за водство на Сити од 2-1 што беше и конечен резултат.

За Пеп Гвардиола ова беше победа број 200 за Сити и тоа остварена од 273 натпревари. Ниту еден друг тренер не стигнал побрзо до 200 победи во Премиерлигата.