24фудбал

Марка: Меси ја отвори вратата, ова се имињата кои можат да го натераат да остане во Барселона (ФОТО)

Според пишувањата на Марка, Лео Меси е отворен за идејата да продолжи во Барселона но за да остане на Камп Ноу, Аргентинецот бара проект и конкурентен тим со кој веднаш ќе се атакува на сите титули.

Шпанија

Лео Меси минатото лето испрати итен допис и побара беспари да замине од Камп Ноу. Напаѓачот се повикуваше на клаузула со која може да се ослободи од последната година од договорот.

Тогашниот претседател, Жозеп Мариа Бартомеу не сакаше да му ја исполни желбата, и под закана за тужба и судски спор го натера Аргентинецот да остане.

По ваквите случувања, многумина веруваа дека Лео Меси ќе замнине од Барселона во 2021 и ништо не може да го предомисли.

Сепак, сите сценарија се во игра и конечната одлука ќе зависи од тоа што ќе понуди новиот претседател. На 7. март се изборите а кандидати се Фонт, Фреиша и Лапорта.

Според пишувањата на Марка, Лео Меси бара атрактивен проект и засилувања со кои Барселона веднаш ќе може да атакува на сите титули.

Парите се во втор план, и ова можеби звучи чудно доколку во предвид се земе дека сегашниот договор е тежок 555 милиони евра, но Марка додава дека Лео Меси не барал толку многу пари и најголемиот дел од клаузулите ги понудила Барселона.

Извори од Камп Ноу за Марка брифираат дека тие сега се многу поголеми оптимисти и веруваат дека можат да го задржат Лео Меси, а и извори блиски до играчот одбиваат да ја отфрлат оваа опција.

Лео Меси во моментов не преговара со ниту еден клуб, неговиот татко Хорхе со месеци е во Аргентина, а и кампањата на ПСЖ им се удри на „светците“ од глава. Напаѓачот е лут што постојано беше спменувано неговото име, па дури и се најде на насловните страни облече во дресот на ПСЖ.

Сега се е во рацете на новиот претседател и што тој ќе стави на маса. Клучно за иднината се имињата кои ќе бидат дел од новиот проект.

Серхио Агуеро и Џини Вајналдум како слободни играчи се една од опциите, исто како и Давид Алаба.

Ерлинг Халанд, Жул Кунде и Матијс Де Лихт се квалитетни засилувања но за нив ќе треба да се потрошат многу пари.

Марка како трансфер цели ги додава и Роберто Фирмино и Нголо Канте.