24фудбал

ВАР го уништи Интернационал, му поништи пенал и два гола и го остави без титула (ВИДЕО)

Интернационал милиметри го делеа од шампионската титула во Бразил, да не беше ВАР сигурно ќе дојдеа до неа. Фламенго го освои трофејот.

Јужна Америка

Интернационал одигра без голови против Коринтијанс. А главната улога ја имаше ВАР кој најпрво им ја промени одлуката за досуден пенал.

Потоа им поништи гол поради милиметарски офсајд, а потоа и во судиското продолжение од мечот им поништи уште еден погодок од исти причини.

На овој луд меч најмногу се израдува Фламенго кој и покрај поразот од Сао Пауло заврши прв на табелата со еден бод повеќе од Интернационал.