24фудбал

Лаутаро: Барселона е минато, го продолжувам договорот со Интер и уште долго ќе бидам тука

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез вели дека веќе не размслува за Барселона, има нов договор со нероазурите кој наскоро ќе биде објавен и уште долго ќе игра во овој дрес.

Италија

Во минатото Лаутаро Мартинез силно се поврзуваше со трансфер во Барселона, но сега работите се променети. Се чини дека веќе не му е атрактивен каталонскиот клуб.

„Да, се работеше на трансфер во Барселона, но на Конте му реков „Мојата глава е тука, ти ветувам, не дозволувам да тоа да ми влијае на игрите. Но сега тоа е минато, го продолжувам договорот со Интер, се договоривме“, вели Лаутаро Мартинез.

„Не знам кога ќе биде официјално соопштен новиот договор, ќе најдат момент, во меѓувреме јас мислам само на игрите. Мојата иднина е тука, во Милано се гледам долго време, ми се допаѓа се за овој град, храната, односот со фановите, тимот, само позитивни чувства“.