24фудбал

Пресврт во преговорите: Рамос останува во Реал Мадрид, ова се деталите

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез и Серхио Рамос како никогаш претходно се блиску до договор и продолжување на соработката.

Шпанија

Серхио Рамос ги одработува последните месеци од договорот со Реал Мадрид, преговорите за продолжување тапкаат во мсто и често се шпекулираше дека дефанзивецот ќе замине.

Сепак, неколку извори од Шпанија вечерва пренесуваат дека Флорентино Перез и Серхио Рамос како никогаш претходно се блиску до договор.

Дефанзивецот ќе потпише до 2023 година за плата од 12 милиони евра која ќе биде намалена за 10% поради ковид-19 пандемијата.

Првиот човек на „кралевите“ ја искористил повредата на Серхио Рамос за да отвори нов дијалог и да ги приближат ставовите. Исто така се верува дека Шпанецот нема друга понуда, па затоа решил да го прифати предлогот на Реал.