24фудбал

Во Аталанта тешко се помируваат со црвениот картон на Фројлер: Срамно, неприфатливо... јасно е дека Реал е фаворизиран

Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси вели дека не можел да поверува кога судијата му покажал црвен на Фројлер, мислел дека извадил погрешен картон.

Лига на Шампиони

Во Аталанта тешко се помируваат со црвениот картон на Фројлер и инцидентот поради кој „нероаѕурите“ од Бергамо практично цел меч играа со играч помалку против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, натпревар кој го загубија со 0-1.

„Бев шокиран, се наежив. Премногу апсурдно, да се уништи мечот на ваков начин. Си мислев, „Ова не е вистина, сигурно по грешка го извадил црвениот картон“. Мислев дека ќе реагира ВАР но ништо, како црвениот картон да беше толку очигледен. По само 15 минути на толку многу важен натпревар, кога целиот свет гледа. Се свртев наоколу, ги погледнав сите во ложата и сите беа зачудени и засрамени“ - вели претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси.

„Се случи нешто сериозно, срамно, неприфатлово“.

„Јасно е дека Реал Мадрид, најголемиот тим на хартија и во историјата, беше фаворизиран. И не зборувам само за црвениот картон на Фројлер, имаше уште неколку моменти“.

„Прекршокот на Начо врз Маеле не беше санкциониран со жолт, исто како и прекршокот на Модриќ врз Песина. Лукас Вазкез играше со рака и не доби жолт, а да не зборувам за Касемро. Судијата тргна да му покаже жолт, но се присети дека веќе му има покажано картон, па го врати картонот во џеб. Да беше играч на Аталанта, сигурно ќе добиеше црвен“.