24фудбал

Ждрепка ЛЕ: Манчестер јунајтед против Милан, Адеми и Ристовски против Мурињо

Денеска во Нион беа извлечени осминафиналните двојки во Лига Европа, најголемото дерби е дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Милан, а Адеми и Ристовски ќе се соочат со Тотнем на Жозе Мурињо.

Лига Европа

Манчестер јунајтед и Милан ќе водат меѓусебна битка за пласман меѓу осумте најдобри во Лига Европа, тоа е дербито на осминафиналето.

Нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе се соочат против Тотнем на Жозе Мурињо.

Осминафинале:

Ајакс - Јан Бојс

Динамо Киев - Виљареал

Рома - Шахтар

Олимпијакос - Арсенал

Динамо Загреб - Тотнем

Манчестер јунајтед - Милан

Славија Прага - Глазгов Ренџерс

Гранада - Молде

Првите осминафинални натпревари се играат на 11 март, а седум дена подоцна се реваншите.