24фудбал

Круниќ: Воодушевен сум од Црвена звезда, каква храброст и желба...

Црвена звезда не успеа да го помине Милан, но одигра два одлични меча и само поради гол помалку во гости испадна од Лига Европа.

Лига Европа

Црвена звезда имаше импресивно издание синоќа на Сан Сиро, не само што му парираше на Милан, туку имаше и повеќе шанси за гол. Белградскиот тим одигра мотивирано, без грам страв од големиот противник.

„Воодушевен сум од начинот на игра на Црвена звезда, со каква храброст, каква желба го играа овој двомеч...“, вели играчот на Милан, Раде Круниќ.

„Мило ми е поради Милан, поминавме во осминафиналето, но во исто време ми е жал затоа што Звезда не играше против некој друг клуб. Жал ми е, можеа да стигнат подалеку“.