24фудбал

Гатузо: На што личеше ова? Италијански тим да одиграше како Гранада, цел свет ќе пишуваше за нас

Џенаро Гатузо обвини дека играчите на Гранада премногу лежеле на теренот и трошеле време, тренерот на Наполи исто така побара поголема почит од судиите за клубовите од Италија.

Лига Европа

Наполи вечерва ја совлада Гранада со 2-1 но беше елиминиран од Лига Европа откако загуби со 2-0 на гостувањето во Шпанија пред една недела.

По крајот на натпреварот, Џенаро Гатузо обвини дека играчите на Гранада премногу лежеле на теренот и ја задржувале играта. Тој се надоврза на инцидентите од претходните денови (црвениот картон на Аталанта и недосудениот пенал на Лацио) и побара поголема почит од судиите за клубовите од Италија.

„Луѓето кои се на чело на италијанскиот фудбал мора да превземат одредени работи бидејќи ова што се случуваше изминативе денови е неверојатно. Доколку италијански клуб се обидеше да го прави тоа што вечерва го правеше Гранада и начинот на кој трошеше време, ќе бевме на насловните страни на сите весници ширум светот“ - вели популарниот Рино.

„На што личеше ова? Во првото полувреме, имаше активна игра само 16-17 минути а во второто полувреме беше уште полошо. Секогаш кога имаше фаул, лежеа на теренот и се губеше по три минути. Судијата не смее да го дозволи тоа. Ние да одигравме вака, ќе бевме масакрирани од медиумите“.

„Заслужуваме повеќе почит“.