24фудбал

Станковиќ: Го оставивме срцето на терен, судијата можеше да не награди и да го остави корнерот... Милан сигурно ќе го изведеше

Дејан Станковиќ вели дека е горд на Црвена звезда и неговите избраници кои до последен миг го ставија на мака Милан и покрај тоа што играа со играч помалку.

Лига Европа

Црвена звезда не загуби од Милан но доживеа елиминација, „росонерите“ се пласираа во осминафинале од Лига Европа благодарејќи на гол во гости.

Шампионот на Србија вечерва одигра храбро на Сан Сиро, го стави на мака Милан и покрај тоа што дваесетина минути играше со играч помалку.

„Моите момци покажаа храброст, имаа верба и одиграа одлично против Милан ако се земе во предвид дека на двата натпревари имавме исклучување. Знам што направија овие момци во 180 минути против Милан и премалку е да се каже само дека сум горд. Можеби сум млад и немам искуство како тренер, но не играв крикет претходно, 25 години бев фудбалер. Изградивме одличен тим, силна стартна позиција за новата Црвена звезда. Ова мојот клуб, мојот град, моите бои, местото каде израснав“ - рече Дејан Станковиќ по крајот на натпреварот.

Фудбалерите на Црвена звезда беа бесни по последниот свиреж на судијата откако Хил Манзано не дозволи да биде изведен корнер и доследно го испочитува продолжението од три минути.

„Секако дека бевме бесни, тоа беше нашата последна шанса. Требаше да ни дозволат да го изведеме корнерот! Да беше обратна ситуцијата, Милан сигурно ќе изведеше корнер. Требаше да бидеме наградени за тоа што вечерва го оставивме срцето на терен!“