24фудбал

Марина притискала за враќање на Сари во Челси, Абрамович категорично ја сопрел таа операција

Италијански новинар на изненадување на пошироката фудбалска јавност тврди дека Сари бил мошне близу до враќање на клупата на Челси по отказот за Лампард, меѓутоа за тaa ideja се чини дека не сакал ниту да слушне Абрамович.

Англија

Иако звучи како една не баш реална шпекулација, сепак во Италија наведуваат дека Маурицио Сари се согласил да се врати во Челси, односно да го наследи Френк Лампард на клупата на Премиерлигашот, меѓутоа договорот пропаднал откако сета операција ја сопрел првиот човек на клубот, Роман Абрамович.

Целата операција за враќање на Сари ја предводела првиот оперативец на Челси и десна рака на Абрамович, Марина Грановскаја, за потоа на клупата на Премиерлигашот да дојде Томас Тухел кој покажа одлични резултати во краток временски период.

Италијанскиот новинар Чиро Венерато тврди дека Сари бил мошне близу до враќање во Челси, а сега е во потесниот избор за наследник на Џенаро Гатузо во Наполи, каде тамошниот тренер се соочува со низа критики поради очајните изданија на тимот каде настапува нашиот Елиф Елмас.

Откако го отпуштија Лампард, Челси го посакуваше Сари“ вели Венерато во изјавата за „Раи Спорт“.

Марина се бореше за тој да се врати во клубот, Сари се согласи, меѓутоа Абрамович стопираше се’, сега сопругата на Сари и неговиот син притискаат да се врати во Наполи“ додава тој.