24фудбал

„Голазо“ од слободен удар на Гонсалвеш против Арсенал, ова не го бранат двајца голмани (ВИДЕО)

Диего Гонсалвеш постигна прекрасен гол на дуелот помеѓу Арсенал и Бенфика, погоди во аголот и не му даде шанса на Лено да одбрани.

Лига Европа

Бенфика замина на пауза со резултат 1-1 против Арсенал. Откако Обамејанг го отвори резултатот, Диего Гонсалвеш одговори пред крајот на првиот дел.

Десниот бек постигна прекрасен гол од слободен удар, погоди во аголот и не му даде шанса на Лено да одбрани. Голманот на „топчиите“ се испружи колку што е долг и повторно беше далеку од топката.