24фудбал

Антонио го загуби трпението со Англија, ќе настапува за Јамајка

Претходно 30 годишниот напаѓач ја одби Јамајка, меѓутоа се верува дека вториот обид на оваа селекција ќе биде успешен, а истиот се чини доаѓа како добредојден за напаѓачот.

Англија

Напаѓачот на Вест Хем, Михаил Антонио според неофицијалните информации има во план во иднина да настапува за селекцијата на Јамајка, за да се најде на Светското првенство кое е на програмата идната година.

Сево ова доаѓа откако напаѓачот постојано беше изоставуван од страна на Сем Алардајс, но и од Герет Саутгејт, па се верува дека тој веќе го загуби трпението чекајќи да се докажува во селекцијата на „Гордиот Албион“, па така ќе продолжи со Јамајка, од каде има и државјанство.

Антонио претходно ја одби Јамајка да настапи со таа селекција во 2016 година, па иако беше повикуван од страна на Алардајс и Саутгејт, не доби прилика да дебитира за Англија.

„Телеграф“ сега пишува дека Антонио ќе ја прифати последната покана на Јамајка, а со тоа првично ќе биде на располагање и за квалификациите во септември против Мексико и Костарика.

Оваа сезона поради повреда Антонио пропушти дури девет меча, меѓутоа и во таква ситуација, со 16 настапи успеа да запише 6 погодоци, но и три асистенции во Премиерлигата.