24фудбал

Мане: Готово е со трката за титулата во Премиерлигата

Манчестер Сити го откажа Ливерпул во обидот за одбрана на титулата, а „Редсите“ очајната форма сезонава ја потврдија и со последните три порази во низа.

Англија

Ливерпул е во големи проблеми, тимот на Јирген Клоп игра далеку под нивото на кое повеќето навикнаа да го гледаат, па така „Редсите“ заостануваат цели 19 бода од лидерот во Премиерлигата, Манчестер Сити.

Садио Мане говори мошне искрено во однос на оваа тема, тој тврди дека готово е со Премиерлигата, алудирајќи на тоа дека Ливерпул е вон трката за одбрана на титулата во англискиот фудбалски шампионат.

Нашата цел од почетокот на новата сезона беше Лигата на шампионите, Премиерлигата, како и куповите, но, во моментов можам да кажам дека готово е со Премиерлигата, премногу е...“ вели Мане.

Во нашиот ум секогаш ќе провладее тоа дека не треба да се откажуваме, ние тоа и ќе го сториме, но, веќе е сигурно дека Манчестер Сити е предобра екипа која во моментов лета“ додава тој, а потоа подвлече и која е во моментов главна цел на тимот од „Енфилд“.

Во моментов нашата главна цел е Лигата на шампионите, да ја освоиме, а не да бидеме втори, но, секако тоа воопшто нема да биде лесно“ заклучи Сенегалецот кој сезонава на 22 настапи успеа да постигне само седум погодоци.