24фудбал

Фудбалерите на Црвена звезда се во Милано, а спортскиот директор во болница

Црвена звезда информира дека спортскиот директор Митар Мркела се наоѓа во болница поради коронавирус.

Лига Европа

Фудбалерите на Црвена звезда се во Милано каде денеска ќе го играат реванш мечот против Милан во Лига Европа.

Со тимот не е спортскиот директор, Митар Мркела кој е итно хоспитализиран поради коронавирус.

Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста дека нашиот спортски директор Митар Мркела е позитивен на коронавирус. Тој се чувствува добро и има благи симптоми. Му посакуваме успешно опоравување“, се вели во соопштението на Звезда.