24фудбал

Алаба им поставил еден услов на Реал Мадрид и ПСЖ

Според пишувањето на Ле Паризиен, Давид Алаба им поставил еден услов на Реал Мадрид и ПСЖ, фудбалерот од Австрија бара да игра во средниот ред.

Останато

Давид Алаба е едно од неколкуте звучни имиња кои летоска ќе бидат слободни играчи. Австриецот пред неколку недели официјално потврди дека го напушта Баерн Минхен и додаде дака наскоро ќе ја донесе одлуката за следната дестинација.

Се верува деак Реал Мадрид е главен фаворит, но другите клубови не губат надеж, а еден од нив е ПСЖ.

Според пишувањата на Ле Паризен, Давид Алаба им поставил еден услов. Фудбалерот од Австрија бара гаранции дека ќе игра во средниот ред.

Тој кариерата ја почна како лев бек, потоа беше прекомандуван во централниот дел на дефанзивата а по потреба игра и во средниот ред.