24фудбал

Гвардиола: Тајната на успехот? Имаме многу пари

Пеп Гвардиола можеби иронично рече дека Манчестер Сити има многу пари за да купи квалитетни фудбалери и затоа има таква серија на победи.

Англија

Манчестер Сити има 19 победи по ред, па по вчерашниот триумф над Менхенгладбах, Пеп Гвардиола беше запрашан која е тајната за успехот.

„Имаме многу пари да купиме многу неверојатни фудбалери“, вели Пеп.

„Вистина е, без добри квалитетни фудбалер не можеме да го направиме тоа. Фудбалерите кои ги имам се фантастични и нивниот однос е неверојатен. Тие на секој натпревар излегуваат со мисла за победа“.

Во последните 20 години Манчестер Сити потроши речиси 2 милијарди фунти. А откако Гвардиола го презема кормилото во 2016 година, потрошија преку 500 милиони фунти.