24фудбал

Трагична вест од Бразил, се удави таткото на Алисон Бекер

Таткото на голманот на Ливерпул, Жозе Агостињо Бекер е пронајден удавен во езеро во Бразил.

Јужна Америка

Тешки денови за Алисон Бекер, почина неговиот 57-годишен татко. 

Жозе Бекер излегол да плива во езеро во близина на неговиот дом, откако не стигнал дома во предвиденото време, домашните пријавиле во полиција дека е исчезнат.

Полицијата го нашла неговото тело во езерото, бил удавен.