24фудбал

Реакцијата кажува се: Голманот на Елче се изненади кога Лео Меси му го побара дресот (ВИДЕО)

Голманот на Елче, Едгар Бадиа прими два гола од Лео Меси но си замина со убав спомен од Камп Ноу, го доби дресот на Аргентинецот.

Шпанија

Барселона вечерва со 3-0 со совлада Елче во заостанат меч од 1. коло. Гостите издржаа едно полувреме, но квалитетот на Лео Меси и домаќините дојде до израз во вториот дел.

По крајот на натпреварот, камерите уловија интересен момент. Меси реши да го замени дресот со голманот Едгар Бадиа, кој беше прилично изненаден од барањето на Аргентинецот.