24фудбал

Реал Мадрид во финишот ја победи Аталанта, Манчестер Сити подобар од Менхенгладбах (ВИДЕО)

Реал Мадрид со гол на Менди во финишот од мечот дојде до победа на гостувањето кај Аталанта, Манчестер Сити со 2-0 го доби дуелот со Менхенгладбах кој се играше на Пушкаш Арена.

Лига на Шампиони

Аталанта уште во 17. минута остана со играч помалку откако судијата можеби престрого му покажа директен црвен картон на Фрулер.

Реал Мадрид се мачеше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, тоа им успеа дури во 86. минута од мечот кога Менди постигна убав гол од далечина.

Вреди да се одбележи и потегот на Гасперини кој во игра го внесе Иличиќ во 56. минута, но во 86. го извади, Словенецот беше бесен на оваа одлука на тренерот.

Манчестер Сити со 2-0 победи против Борусија Менхенгладбах која важеше за домаќин на овој меч, но тој се играше во Будимпешта.

Тимот на Пеп Гвардиола постигна по еден гол во двете полувремиња, Бернардо Силва погоди во 29. минута, а Габриел Жесус во 65. минута. Манчестер Сити со овој резултат е многу блиску до пласман во четвртфиналето.