24фудбал

Али постигна спектакуларен гол со ножички но доби пофалба од Мурињо за нешто друго

Жозе Мурињо имаше пофалби за играта на Деле Али ви победата од 4-0 на Волфзбергер, вели дека повеќе го радуваат асистенциите и залагањето отколку спектакуларниот гол со ножички.

Англија

Англичанецот добива малку шанса од Жозе Мурињо, често се шпекулираше дека ќе замине од Тотнем, но трансфер не се реализираше ниту во летниот, ниту во зимскиот период.

Деле Али вечерва блесна против Волфзбергер во Лига Европа, постигна спектакуларен гол со ножички, а забележа и две асистенции. По крајот на натпреварот, Жозе Мурињо имаше пофалби за неговата игра.

„Поминавме низ тежок период, Деле Али имаше повреда а во исто време непрекинато се зборуваше за негово заминување. Трансфер пазарот заврши, помина и повредата и тој почна да работи со мотивација. Игра навистина добро, ќе се врати во стартниот состав и во Премиерлигата“ - вели тренерот на Тотнем.

„Погодокот беше убав, но асистенциите и напорната работа за тимот ми значи многу повеќе. Тоа што има континуитет во работата и перформансите ме прави навистина среќен“.