24фудбал

Барса се разбуди во второто полувреме и убедливо го победи Елче (ВИДЕО)

Барселона со 3-0 го победи Елчи во заостанат меч од Примера, каталонците во второто полувреме го скршја отпорот на гостите.

Шпанија

Барселона ги освои трите бода против Елче со добра игра во второто полувреме. Во првите 45 минути мрежите мируваа.

Но по само три минути игра во вториот дел Меси донесе водство на Барселона од 1-0 и веднаш стана полесно.

Во 69. минута Меси постигна уште еден погодок за предност и од 2-0, а само четири минути подоцна Алба ги постави конечните 3-0.