24фудбал

ЛЕ: Тотнем го потврди пласманот во осминафиналето, Деле Али погоди со ножички (ВИДЕО)

Составот на Жозе Мурињо немаше проблеми во обидот да избори место во осминафиналето од Лига Европа откако со вкупни 8-1 го елиминираше австриски Волфсбергер.

Лига Европа

Тотнем во првиот меч на гостувањето кај Волфсбергер славеше со убедливи 1-4, и со тоа беше со една нога во осминафиналето од Лига Европа, пласман кој тимот на Жозе Мурињо го потврди вечерва со победата од 4-0 во реваншот.

Одличен меч имаше Деле Али кој запиша еден гол и две асистенции во 82 минути кои ги одигра на теренот, а голот беше вистинска мајсторија на фудбалерот од средниот ред, кој погоди со ножички.


Во останатите погодоци на Тотнем, два беа дело на Винисиус, а еден на Бејл.