24фудбал

Капитенот Нојер го „построи“ Левандовски, овој му возврати со аплауз (ВИДЕО)

Германската фудбалска машинерија Баерн Минхен го прегази Лацио на негов терен и со една нога е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите по убедливата победа од 1-4 во Рим.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен оди по стапките по кои сите очекуваа да оди, синоќа германскиот првак славеше убедлива победа во Рим против Лацио со 1-4, а со тоа практично со една нога е веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Дека работите функционираат беспрекорно во составот на Ханси Флик доволно говори и еден детал од средбата, каде капитенот Мануел Нојер ја „построи“ ѕвездата Роберт Левандовски, повикувајќи го да се врати при корнерот на домаќините, овој го послуша, и не само тоа – туку и му аплаудираше.