24фудбал

На Суарез не му успеваа валканите финти, ќе добиеше и ќотек од Рудигер (ВИДЕО)

Суарез синоќа не успеа да му даде гол, но денеска повторно е присутен во медиумите, причина е валканата игра која пробуваше да ја „продаде“, но не успеа.

Лига на Шампиони

На вчерашниот меч против Челси, Суарез уште еднаш покажа дека покрај тоа што е добар стрелец е и влкан играч. Тој епитет го имаше добиено од порано, а синоќа потсет дека е сосема заслужен.

При еден дуел со Рудигер, тој со рака ја фати ногата на дефанзивецот на Челси, а пробуваше да направи слика дека тој е фаулиран. Рудигер изнервиран од гестот на Уругваецот, малку фалеше да го удри, но се воздржа.

Претходно и во еден дуел со Аспилукуета, Суарез се обиде неспортски да изнуди фаул. Глумеше дека е удрен, а самиот тој застана и го удри фудбалерот на Челси.