24фудбал

Селтик ќе има нов тренер, Нил Ленон доби отказ

Поразот од Рос Каунти ја прели чашата кај раководството на Селтик и се решија за тренерска смена, Нил Ленон е минато.

Останато

Селтик има 18 бодови помалку од Глазгов Ренџерс на табелата во шкотското првенство, и тоа го уклучи алармот кај зелено-белите.

Првиот потег е отказ на Нил Ленон кој официјално се случи утринава.

Тој беше наследник на Брендан Роџерс, на клупата дојде во февруари 2019 и по две години неславно си оди.

Селтик долги години доминираше, но Глазгов Ренџерс се врати и под водство на Стивен Џерард почна да владее во Шкотска.