24фудбал

Катар и Австралија го откажаа учеството на Копа Америка

Копа Америка ќе треба да се одржи со десет селекции или да се најдат две нови откако Катар и Австралија го откажаа учеството поради пандемијата на коронавирус.

Јужна Америка

На Копа Америка вообичаено учествуваат 12 селекции. Јужна Америка има десет репрезентации и плус канат два гостински тима.

Овој пат тие две селекции требаше да бидат Катар и Австралија, а веќе беа и одредени игрупите.

Катар требаше да игра во групата А заедно со Бразил, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела, а Австралија во групата Б заедно со Аргентина, Боливија, Чиле, Парагвај и Уругвај.

„Би сакале да имаме 12 репрезентации на турнирот“, изјави Ариел Рамирес, портпаролот на Конмебол.

Сега тие имаат две опции, или да поканат две нови селекции, веројатно од соседната КОНКАКАФ зона каде се Мексико, САД, Канада, Јамајка, Костарика... или да го одржат турнирот со десет селекции.

Копа Америка треба да се игра од 11 јуни до 10 јули, како и Европското првенство.