Оливие Жиру атрактивно погоди со „ножички“ против Атлетико Мадрид, во прв момент славјето беше прекинато откако помошникот го крена знаменцето за офсајд но со помош на ВАР погодокот беше признат.
Категорија: Лига на Шампиони 23.02.2021 23:29 Прочитано: 3501 пати
Челси издвојува победа од 0-1 над Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Стрелец на погодокот беше Оливие Жиру, кој атрактивно со „ножички“ ја затресе мрежата на Облак.
Во прв момент славјето беше прекинато откако помошникот го крена знаменцето и сигнализираше офсајд. Потоа на сцена стапи ВАР и откако ситуацијата се прегледуваше неколку минути, главниот судија покажа на центарот.
Причина за ваквата одлука е тоа што топката дојде до Жиру преку Ермосо, и дефанзивецот на Атлетико имаше намера да игра со топката па нема офсајд.