24фудбал

Рајола: Јас сум алчен и паразит? Прашајте ги фудбалерите кои ми се клиенти што мислат за мене

Мино Рајола одговори на критиките кои ги добива, вели дека негова задача е да обезбеди најдобар договор за клиентите и го интересира само тоа дали тие се среќни и задоволни.

Останато

Мино Рајола е еден од најмоќните агенти во светот на фудбалот, но не е омилен лик помеѓу навивачите. Многумина веруваат дека е алчен и дека парите му се приоритет. 

Кога го однесе Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед за тогаш рекордни 105 милиони евра, неговата провизија изнесуваше 49 милиони евра и пари зема од сите три страни: Манчестер јунајтед, Јувентус и Пол Погба.

„Не е убаво постојано да се слушаат истите предрасуди“ - вели Рајола во разговор со БиБиСи.

„Навивачите треба да се запрашаат, „Ако овој човек е толку алчен и толку лош, како сите тие фудбалери кои му се клиенти се среќни и остануваат да соработуваат со него?“ Ќе излажам доколку кажам дека не ми пречат навредите... како може некој да ми суди дали сум добар агент за Ибрахимовиќ? Само Ибра може да ми суди дали сум добар или лош!“.

„Немам моќ или влијание... моја работа е да обезбедам најдобар договор или најдобра зделка за мојот играч. Ништо повеќе од тоа“.

„Моите играчи не велат дека сум паразит, и ме интересира само милењето на моите играчи бидејќи работам за нив“.